Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
Десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, вчера, на 10 февруари, во оружен напад во средно училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада. Во училиштето има 160 ученици од 7 до 12 одделение на возраст од 12-18 години. ‘Полицијата спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.’. објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.