Тема: потпретседател и ексминистер за надворешни работи Бујар Османи

Османи: Да создадеме фронт на отпор против политичката агресија врз Албанците во оваа пропадната држава – Албанците не прифаќаат да бидат кираџии во неа!

„Да се здружиме и да се мобилизираме против ова зло, против оваа политичка агресија, која се врши кон Албанците. Да создадеме фронт на отпор во оваа вонредна ситуација, која бара од нас сеопшта мобилизација.“ – изјави потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења. Повикот за мобилизација“ тој го упати, како што рече, до „сите непартиски луѓе, медиумите, бизнисите, невладините организации“, а потоа „ќе се зборувало за политичките партии и кој ќе биде на власт“. Меѓутоа, овој „повик“ на Бујар Османи, кој е и сѐ уште портпарол на ДУИ, е едновремено повик и за уривање на постојната Влада на Република Македонија и одраз на намерата на ДУИ да се врати „триумфално“ на власт!

Најнови вести

To top