Македонија

Провокација на Османи: Да создадеме фронт на отпор против агресијата врз Албанците во оваа пропадната држава – Албанците не прифаќаат да бидат кираџии во неа!

„Да се здружиме и да се мобилизираме против ова зло, против оваа политичка агресија, која се врши кон Албанците. Да создадеме фронт на отпор во оваа вонредна ситуација, која бара од нас сеопшта мобилизација.“ – изјави потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи, изнесувајќи тешки провокации во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења. Повикот за мобилизација“ тој го упати, како што рече, до „сите непартиски луѓе, медиумите, бизнисите, невладините организации“, а потоа „ќе се зборувало за политичките партии и кој ќе биде на власт“. Меѓутоа, овој „повик“ на Бујар Османи, кој е и сѐ уште портпарол на ДУИ, е едновремено повик и за уривање на постојната Влада на Република Македонија и одраз на намерата на ДУИ да се врати „триумфално“ на власт!

Како што пренесе информативната агенција Илирија- ИНА, во споменатата емисија Османи наведе тврдење дека, наводно, дека Македонија станала „пропадната држава поради меѓуетничките односи и меѓународната изолација“! „Во времето кога ДУИ беше на власт државата беше епицентар на регионалната дипломатија и пошироко. Но сега се претвори во изолирана оаза, во која никој не стапнува повеќе.“ – тврдеше Бујар Османи. Притоа тој наведе дека, наводно, „имал слушнато од известувачот за Македонија Томас Вајц дека Македонија направила нула реформи и оти е тоа навистина вознемирувачко“. 

Иако ја прогласи Македонија како „пропадната држава“, потпрeтседателот на ДУИ Османи, сепак, рече дека и во „таквата држава“, според него, „Албанците не сакаат да бидат кираџии“! „Албанците потпишаа договор и не прифаќаат статус на потстанари, на кираџии во оваа држава. Македонците не го прифатија никогаш овој договор и само го чекаа моментот кога ќе ги урнат неговите темели. Постојат три причини зошто оценуваат Македонците дека сега е моментот за уривање на тие темели. Прво, македонските политички сили мислат дека се консолидирани. Второ, сметаат дека вратата на Албанците е без чувар и оти нема кој да го брани нивниот интерес. Трето, мислат дека то тие сметаат дека поради светските случувања, пренасочувањето на вниманието кон САД и Иран, кон Европа и нејзините проблеми со Русија, сега е создаден вакуум, за да нападнат и да ги урнат темелите на рамноправноста.“ – наведе Бујар Османи.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

To top