Четири додавки во името на македонската држава и промена во „Северна Македонија“ спротивно на историските и политичките околности (1)
Во повоената политичка историја имало неколку додавки во името на македонската држава Република Македонија, кое е, пред сѐ, генеричко, а дури потоа уставно име. Додавките се вршеле, пред се, заради одразување на карактерот на тогашното државно уредување. Што значи дека во строга правно-терминолошка смисла не се работело за менување на името Македонија. Промената во „Северна Македонија“ , согласно со „Преспанскиот договор“ е промена на името на македонската држава, прва извршена во нејзината повоена политичка и државно-правна историја.