ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега-проект за когенеративна централа „РЕК Битола 1“
Во Владата свечено беше потпишан Договор за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Со овие средства официјално започнуваат подготвителните активности за реализација на големиот проект за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. На свеченоста, покрај претставниците на Светска банка и АД ЕСМ како директни потписници, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.