Бизнис

ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега-проект за когенеративна централа „РЕК Битола 1“

Во Владата свечено беше потпишан Договор за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Со овие средства официјално започнуваат подготвителните активности за реализација на големиот проект за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. На свеченоста, покрај претставниците на Светска банка и АД ЕСМ како директни потписници, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

Во Владата, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. На настанот освен потписниците – претставници на Светска банка и АД ЕСМ присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

Обраќајќи се пред присутните, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека денешното потпишување претставува значаен чекор во модернизацијата на македонскиот енергетски сектор и потврда за стратешката определба на државата за сигурна и одржлива енергетска иднина. Таа нагласи дека Македонија активно го забрзува развојот на обновливите извори на енергија, но дека паралелно со тоа е неопходно да се обезбедат стабилни производствени капацитети кои ќе гарантираат сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Денешното потпишување на Договорот е јасна потврда дека Македонија има визија, има план и има партнери кои веруваат во нашата иднина. и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток “, истакна Божиновска.

  • „Нашата визија е јасна – Македонија да стане земја која произведува повеќе домашна енергија и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток, но без компромис со енергетската сигурност. Колку повеќе обновливи извори на енергија интегрираме во системот, толку повеќе ни се потребни стабилни и флексибилни базни капацитети кои ќе обезбедат сигурност во снабдувањето. Нашата цел е да изградиме модерен енергетски систем што ќе ги следи европските политики, а истовремено ќе гарантира сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството“, нагласи министерката Божиновска.

Министерката потенцираше дека природниот гас е препознаен како транзициско гориво во националните стратешки документи и претставува важен сегмент во процесот на постепена декарбонизација на енергетскиот сектор. Според неа, проектот за новата когенеративна централа во РЕК Битола ќе овозможи современо производство на електрична и топлинска енергија, значително намалување на емисиите на штетни гасови, подобрување на квалитетот на воздухот и посигурно снабдување со енергија за граѓаните и стопанството.

  • „Денес не го започнуваме само процесот на подготовка на една нова електрана. Денес правиме уште еден важен чекор кон енергетски посилна, поодржлива и поевропска Македонија. Зелената транзиција мора да биде и еколошка и економски одржлива, обезбедувајќи чиста животна средина, сигурни работни места и стабилна енергетска иднина“, нагласи министерката.

Божиновска посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на модернизацијата на енергетскиот сектор, зголемувањето на домашното производство на енергија и создавањето услови за постепена, праведна и одржлива енергетска транзиција. Проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“, чија вкупна вредност се проценува на над 200 милиони евра, претставува една од клучните инвестиции во процесот на трансформација на македонската енергетика и исполнувањето на националните и европските цели за одржлив енергетски развој. Новата когенеративна централа ќе овозможи истовремено производство на електрична и топлинска енергија, со значително намалување на штетните емисии и усогласување со современите домашни и европски еколошки стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Рекорден број на патници, македонските аеродроми со најголем раст

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период

Фирмите и инфлуенсерите ќе треба да добијат дозвола за giveaway игрите

Законот ги дефинира и поимите „лајкување” и „тагнување” како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.

To top