Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат современа сообраќајна артерија
Со инвестиција од 88.9 милиони денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, Општина Кочани ја реализира реконструкцијата на булеварот „Теодосија Паунов“, кој опфаќа дел од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот кој е предмет на овој проект изнесува 2.015 метри, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.