Му се заканува ли еколошка катастрофа на Охридскоро езеро и рибниот фонд?!
Полициските извештаи сведочат за редовни акции во кои се запленуваат километарски мрежи, чамци и стотици килограми незаконски уловена риба.За илустрација во периодот на мрест, од 1 декември кога е на сила е целосна забрана за лов,запленети се 26 рибарски мрежи и 1.465 единки белвица. Спортските риболовци,без задршка кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.