Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на клубот
Општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот. Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината.