Македонија

Психолошка поддршка за онколошки пациенти од Oпштина Kарпош

Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година

Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби. Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат:

 Безбеден простор за споделување

 Емоционална поддршка

 Техники за справување со стрес и анксиозност

 Чувство на заедница и разбирање.

Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците.

Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценциран психолог Тамара Стојчевска. Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на тел.број 076/439-663

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top