Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија
Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника. Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.