Муцунски разочаран, поради 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија: МНР подготвува соодветна дипломатска реакција
Разочаран сум од односот на една земја членка на ЕУ кон нашите граѓани. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.