Тема: светски афирматор и бранител на македонскиот јазик и идентитет

Кристина Крамер, врвниот светски амбасадор на македонскиот идентитет и јазична самобитност: Македонскиот јазик има своја историја и корени!

Проф. д-р Кристина Крамер, врвна македонистка од Канада, е добитник на годинашната најголема награда за македонистика „Воздејства“ како највисоко признание за нејзиниот извонреден и долгогодишен придонес во афирмацијата, изучувањето и претставувањето на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Ова престижно признание, кое традиционално го доделува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вчера ѝ го врачи на Крамер ректорката Биљана Ангелова на свеченото отворање на 59-тата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Наградата „Воздејства“ симболично го заокружува нејзиниот статус како еден од најважните современи странски македонисти. Македонските и македонистичките воздејства на Кристина Крамер траат веќе 40 години без прекин и продолжуваат со безмалку ист интензитет. Крамер е неуморен амбасадор на македонската книжевност, преведувајќи капитални дела од автори како Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Луан Старова, а за преводот на поезијата на Ацо Шопов ја освои и меѓународната награда „Драги“ во 2025 година. Канадската македонистка е и вистински светски амбасадор на македонскиот народ и неговиот македонски идентитет, на неговиот македонски јазик.

To top