Колумни

Кристина Крамер, врвниот светски амбасадор на македонскиот идентитет и јазична самобитност: Македонскиот јазик има своја историја и корени!

Проф. д-р Кристина Крамер, врвна македонистка од Канада, е добитник на годинашната најголема награда за македонистика „Воздејства“ како највисоко признание за нејзиниот извонреден и долгогодишен придонес во афирмацијата, изучувањето и претставувањето на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Ова престижно признание, кое традиционално го доделува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на 20 август 2026 година ѝ го врачи на Крамер ректорката Биљана Ангелова на свеченото отворање на 59-тата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Наградата „Воздејства“ симболично го заокружува нејзиниот статус како еден од најважните современи странски македонисти. Македонските и македонистичките воздејства на Кристина Крамер траат веќе 40 години без прекин и продолжуваат со безмалку ист интензитет. Крамер е неуморен амбасадор на македонската книжевност, преведувајќи капитални дела од автори како Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Луан Старова. За преводот на поезијата на Ацо Шопов ја освои и меѓународната награда „Драги“ во 2025 година. Канадската македонистка е и вистински светски амбасадор на македонскиот народ и неговиот македонски идентитет, на македонскиот јазик.

Пишува: Свето Тоевски

Кристина Крамер во многу пригоди во светот во изминатите години и децении јавно и категорично ги бранела, но и продолжува и натаму да ги брани, посебноста и автохтоноста на македонскиот јазик. Како лингвист и автор на учебници по македонски јазик таа доследно ја застапува вистината дека македонскиот јазик има свој посебен историски континуитет. Во своите научни трудови, јавни настапи, предавања и интервјуа канадско-американската македонистка аргументирано се спротивставува на негирањето не само на македонскиот јазик, туку и на македонскиот идентитет.

„Македонија е Македонија. Македонскиот јазик е македонски јазик. Македонскиот народ е македонскиот народ. Зошто една држава може да вели дека од ден-денес оваа држава, овој народ, овој јазик треба да најде друго име. Веќе има име и името е Македонија.“ – има изјавено Крамер во интервју за поранешната Македонска редакција на Гласот на Америка во октомври 2010 година.

Посочувајќи дека не е политичар, туку лингвист, таа уште тогаш нагласи дека не може да ја сфати суштината на спорот околу името Македонија и оти не гледа причина да се преименува македонскиот јазик. „Ова е глупост. Зошто да има северномакедонски јазик кога нема ниту еден човек на светот кој зборува на друг македонски јазик? Кога веќе македонскиот е вклучен во енциклопедии како македонски јазик; кога веќе има книги по библиотеки по целиот свет под името македонски јазик. Не ми е јасно зошто треба да најдеме друго име, кога веќе имаме имаме, кое е познато во целиот свет, освен во Грција и во Бугарија.“ – имаше укажано Кристина Крамер во тоа интервју за Гласот на Америка на Македонски јазик.

Во многу пригоди, како и во своите научни студии, Крамер посочува дека македонскиот јазик има иднина и како секој друг јазик. Таа често нагласува дека природниот развој на македонскиот јазик бил прекинат со поделбата на македонската територија, дополнувајќи дека неговото најголемо богатство на јазикот е тоа што неговите дијалекти сѐ уште се живи, напоредно со современиот, стандардизиран македонски. Посебно е значајно што оваа славистка и македонистка научно ги побива тезите за наводниот „вештачки карактер“ на македонскиот јазик и народ. Во предавањето, што го имаше одржано во април 2013 година во просториите на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, кога зборуваше за развојот на македонскиот јазик по поделбата на Македонија со договорот од Букурешт во 1913 година, Кристина Крамер истакна дека македонскиот јазик е посебен јазик и оти се неодржливи тврдењата на некои од соседните држави за „вештачкиот карактер“ на македонската нација и култура.

Проф.д-р Кристина Крамер

„Има секакви глупости на овој свет. Македонскиот јазик честопати го нарекуваат измислен јазик. Божем Тито едно утро рекол нека биде македонски јазик и биднал. Всушност, стандардизацијата на модерниот македонски јазик своите корени ги има во доцниот 18 век.“ –  аргументираше во таа пригода Крамер.

„Преку романите ја сфатив суштината на македонската судбина“

Покрај професорската дејност, Крамер остварувала и врвна преведувачка дејност, за што има добиено редица значајни награди и признанија. Таа продолжува да дејствува и натаму како неуморен амбасадор на македонската книжевност, преведувајќи капитални дела од автори како Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Луан Старова. За преводот на поезијата на Ацо Шопов ја освои и меѓународната награда „Драги“. Во интервју за весникот „Нова Македонија“ на 20 април 2022 година Крамер ќе истакне: „Преку романите ја сфатив суштината на македонската судбина, исполнета со војни, преселби, печалбарство. Сето она што го гонело народот надвор од своето родно место, што ги принудувало луѓето непрекинато да го почнуваат животот од почеток. Македонската литература е тесно поврзана со земјата, историјата, усната традиција, адетите. Научив многу за Македонија преку неа.“

„Моето учење на македонскиот јазик почна пред четириесет години, во 1978, кога како студентка на постдипломски студии на универзитетот Северна Каролина, Чапел Хил, имав шанса да учествувам на летниот семинар во Охрид. Мојата прва научна работа поврзана со македонскиот јазик, магистерската работа, ми даде прва можност да ги читам дијалектните описи на Божидар Видоески.“ – запиша Крамер во својата статија со наслов „Спомени“, поместена во зборникот на трудови од меѓународната научна манифестација „Македонистички денови“, одржана Македонската академија на науки и уметности“ во 2018 година.

За 35 години работа 300 студенти по македонски јазик

Проф.д-р Кристина Крамер

Кристина Крамер е веќе неколку години во пензија. Од 2009 година е членка на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав. Во својата 35-годишна академска дејност како професорка на Катедрата за славистика при Универзитетот во Торонто со децении го предаваше македонскиот јазик и создаваше нови генерации странски слависти и македонисти. Имала околу 300 студенти по македонски јазик. Предавала лингвистика, а го држела и предметот „Јазик, идентитет и политика“. За овој предмет секоја година имала од 40 до 50 студенти. Доаѓале од целиот свет. На нејзиното последно предавање во 2019 година присуствувале 50 студенти од 44 различни говорни подрачја. Меѓу нив и од македонското говорно подрачје.

Таа е автор на учебникот за македонски јазик „Македонски: курс за почетници и напредни студенти“ („Macedonian: A Course for Beginning and Intermediate Students“), кој се смета како најшироко прифатена и најважна книга за изучување на македонскиот јазик на англиското говорно подрачје: Таа книга е објавена за првпат во 1999 година, а повторена и проширена во второто издание во 2003 година. Како научен специјалист за балкански јазици и семантика, особено за македонскиот јазик и јужните словенски јазици Крамер реализирала многубројни истражувања, кои ги опфатиле следните области: синхронизирана лингвистика, социолингвистика, глаголски категории, јазици и политички погледи.

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top