Започна укинувањето на „Пржинската“, „техничка влада“ – доста е веќе со „пржинските експерименти“ со Македонија!
„Со 67 гласа за и 13 против – сите од опозицијата, Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада, со што се предлага укинување на Пржинската, односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога беа усвоени претходно, а не како што сега е предложено, по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан Мицкоски донесени се потоа измени техничката влада да функционира се до влегувањето на земјава во ЕУ.“ – објави ТВ 21 во својата статија „Почна процесот на укинување на Пржинската влада – опозицијата против и бара консензус, власта вели тоа е надминато решение“.