Кекеновски: Од државотворна партија СДСМ стана урнатина, а Филипче е лидер без идентитет, поради блискоста со неговиот ментор Заев!
„Денешната пресметка во СДСМ не е борба меѓу левица и центар, меѓу традиционална и модерна социјалдемократија или меѓу различни економски и национални политики. Тоа е борба меѓу групи што сакаат да докажат дека токму тие имаат право да управуваат со преостанатата партиска инфраструктура: членството, имотот, финансиите, општинските организации, пратеничките места и можноста еден ден повторно да се учествува во власта.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „СДСМ: Од државотворна партија до политичка урнатина – хроника на едно самоуништување“ (втор дел). која ја објави „Плус инфо“.