Тема: вести

Гане Тодоровски, столбот на македонската самосвест: Да не ја раздадеме одново Македонија! Македонците со впечатлива издржливост чекорат кон надежта!

„Летописот на македонската опстојба низ вековите прилега на неверојатна приказна: речиси, нема многу вакви или слични примери во историјата, за олку жилавост и истрајба пред непогодите на времињата! Иако благонаклонетоста на судбата најчесто ги разминувала, Македонците во својата Виа Долороса (Патот на солзите и маките) врашки упорито чекореле кон хоризонтите на надежта. Македонците успеале конечно да се доближат до големата цел да се опстои низ премрежјата на долгата и исцрпувачка борба, проследена од востанија и од порази, од пркоси и поревања. Суровата школа на егзистенцијата ги научила Македонците на впечатлива издржливост. Македонија е вековита и непореклива.“ – вака беседеше Гане Тодоровски, еден од великаните на македонската литература и јазик во 20-тиот и 21-виот век и еден од столбовите на македонската национална самосвест, во своето дело „Македонија културно наследство“– „Македонија – вековита и непореклива“ во 1995 година. Денешниов 11 мај, денот кога тој се роди во 1929 година во Скопје, е соодветна пригода за ново вдахновување со поуките, пораките и завештанијата негови кон народот македонски, кому тој му го посвети сиот свој живот и сето свое пребогато творештво. 

Од вечерва поскапи бензини, поевтин дизел

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 75,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, и ќе изнесува […]

Врзал куче и го влечел со автомобил (ВИДЕО)

Полицијата поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради широко распространети сомневања дека сторил кривично дело „суровост кон животни“, казниво по член 233 од Кривичниот законик. Според полицијата, било пријавено дека на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како во Крива Паланка куче е врзано за возило во движење и […]

Газа: Во израелски напад на училиште најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во северниот дел на Појасот Газа. Меѓу нив има и деца, објави Ал Џезира. Израелските воздухопловни сили извршија серија напади врз зградата на женското училиште во Џабалија, во северниот дел од палестинската енклава. Во последните 24 часа, најмалку 40 Палестинци се убиени, а над 80 […]

To top