Свет

Газа: Во израелски напад на училиште најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во северниот дел на Појасот Газа. Меѓу нив има и деца, објави Ал Џезира. Израелските воздухопловни сили извршија серија напади врз зградата на женското училиште во Џабалија, во северниот дел од палестинската енклава. Во последните 24 часа, најмалку 40 Палестинци се убиени, а над 80 […]

Најмалку 15 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во северниот дел на Појасот Газа.

Меѓу нив има и деца, објави Ал Џезира.

Израелските воздухопловни сили извршија серија напади врз зградата на женското училиште во Џабалија, во северниот дел од палестинската енклава.

Во последните 24 часа, најмалку 40 Палестинци се убиени, а над 80 се повредени за време на нападите.

Вкупниот број на смртни случаи од октомври 2023 година достигна 52.829, а уште 119.554 Палестинци беа повредени во борбите.

На 18 март, израелската армија ги продолжи воените операции во Газа.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top