Етнојазичниот терор врз Македонците во Грција: злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на употребата на македонскиот јазик!
На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.