Злоупотреба на паркинг- системот на Зелено пазарче: „Еден плаќа, тројца излегуваат“!
Снимка од паркингот кај Зелено пазарче во Скопје открива злоупотреба на системот за наплата, при што повеќе возила излегуваат со една платена картица, оставајќи ги оние што плаќаат – без место за паркирање. Револтиран жител кој го снимил случајот вели дека проблемот е сериозен и секојдневен, а последиците директно ги чувствуваат граѓаните кои редовно плаќаат.