Македонија

Злоупотреба на паркинг- системот на Зелено пазарче: „Еден плаќа, тројца излегуваат“!

Снимка од паркингот кај Зелено пазарче во Скопје открива злоупотреба на системот за наплата, при што повеќе возила излегуваат со една платена картица, оставајќи ги оние што плаќаат – без место за паркирање. Револтиран жител кој го снимил случајот вели дека проблемот е сериозен и секојдневен, а последиците директно ги чувствуваат граѓаните кои редовно плаќаат.

„Три коли имаме, не една, три. Три коли на една картица. И потоа што работиме ние тука, живееме, си плаќаме паркинг, немаме паркинг“, вели тој.

Според објаснувањето, дел од возачите воопшто не земаат влезна картица, па системот не ги евидентира дека се внатре. При излез, возилата се движат блиску едно до друго – за да ја измамат рампата и да излезат со една платена карта. 

„Скопје 1.мк“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top