Мирка Гинова (1916-27.7.1946) – симбол на македонскиот непокор и во Егејскиот дел на Македонија: Македонка сум и гордо умирам за поарниот живот на другите!
Мирка Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка ѝ посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот македонски народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмртноста. За своите заслуги посмртно е прогласена како народен херој на Македонија.