Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем дел пожарите се намерно подметнати, а некој се радува

СДСМ е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата

За седум години власт, СДСM наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавуваше комотни возила за своите функционери. Да се грижеа за состојбите за пожарите, како што сега во опозиција глумат, немаше да не остават ниту еден исправен канадер, летало или пак возило за гасење пожари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за време на нивното владеење, додека пожарите беснееја низ државата, тераа одмори по грчките плажи, наместо да се вклучат активно во нивното гасење.

Од ова произлегува само едно, дека СДС е партија која гледа само себе и се води од максимата колку полошо на другите и на државата, толку подобро за нив.

Дополнително на ова ако го ставиме фактот дека голем дел од пожарите се подметнати, за што постојат и докази, а постојат сомневања дека дел од нив се потпалени од лица блиски до поранешните владини коалициони партнери, СДС и ДУИ“ се вели во партиското соопштение.

„Затоа, СДС наместо да глуми загрижена партија, треба јавно на македонските граѓани да му одговори која е нивната корист од намерно подметнатите пожари кои ги оштетуваат македонските шуми?

Дали тоа го прават само за да имаат тема за некоја прес-конференција или соопштение, немајќи конкретни идеи и визија за политики кои би придонеле за подобро функционирање на државата.

СДС треба да знаат, дека сакајќи да му наштетат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за тие да спечалат некој политички поен, му наштетуваат на државата која ние е заедничка“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top