Архива за: 11.10.2025

Ѓорѓиевски: Иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференција го претстави еден од седумте столбови од својата изборна програма под наслов „Скопје – град на слоеви, град на култура“.

Еден потег на Трамп го уништи крипто пазарот, повеќе од 7 милјарди долари ликвидирани

Крипто пазарот претрпе огромен пад по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на 100% царини на кинескиот извоз и строги ограничувања на извозот на клучен софтвер, како реакција на кинеските рестрикции за ретки земни метали.

Кина: Повисоки пристанишни такси за американските бродови

Кина воведе одмазднички пристанишни такси за американските бродови што влегуваат во земјата како одговор на планираните пристанишни такси на американската влада за кинеските бродови, проширувајќи низа одмазднички мерки пред трговските разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Сиљановска-Давкова: Им оддаваме почит на оние, кои во 1941 тргнаа во храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето и создавањето македонска држава

„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме тоа, што го наследивме од оние, кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и подготвени за жртвување во ослободителната мисија! Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Ахмети: Албанците повеќе не трпат понижувања, сите да гласаат за НАИ, оти има голема национална мисија, интеграција на „РСМ“ во ЕУ!

Али Ахмети сега го „збогатува“ политичкиот речник: за себе и за своите сопартијци вели дека се не само „мисионери“, туку веќе и „визионери“, кои, ете, се „веќе оспособени“ да гледаат „далеку во европската иднина“…

To top