Македонија

Ѓорѓиевски: Иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференција го претстави еден од седумте столбови од својата изборна програма под наслов „Скопје – град на слоеви, град на култура“.

facebook.com/1OrceGj

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференција го претстави еден од седумте столбови од својата изборна програма под наслов „Скопје – град на слоеви, град на култура“.

– Скопје е град со историја, карактер и душа. Денес не зборуваме само за улици и инфраструктура, туку за тоа каков град сакаме да изградиме – град што се развива, но не ја губи својата душа – изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека културната стратегија се темели на три насоки: ревитализација на јавните простори, развој на културната инфраструктура и системска поддршка на културниот развој.

Според Ѓорѓиевски, време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа.

– Аквадуктот ќе го претвориме во современ културен парк – со сцени за концерти, фестивали и зелени површини. Ќе го изградиме и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа како симбол на младинската енергија и урбаната уметност – најави кандидатот.

Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде целосно уреден и отворен за јавноста, со театарски претстави, уметнички резиденции и фестивали.

Посебен акцент Ѓорѓиевски стави на обновата на Старата скопска чаршија, која, како што рече, „ќе го задржи својот автентичен дух, но ќе се отвори кон современи содржини“.

– Скопското Кале ќе стане жив културен центар со сцени за фестивали, концерти, изложби и едукативни настани. Ќе ја споиме меморијата на минатото со современата креативност – нагласи тој.

Ѓорѓиевски најави и реконструкција на Кино „Милениум“, унапредување на работата на МКЦ, Музејот на град Скопје, Културно-информативниот центар и другите институции под надлежност на Градот.

– Скопје ќе стане град на фестивали – град што живее преку културата цела година. Ќе поддржиме реномирани настани како „Skopje Jazz Festival“, „Пиволенд“, „Скопје танцува“, „Баскерфест“, „Skopje Calling“ и многу други – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека визијата е Скопје да стане град на уметноста, идеите и луѓето.

– Културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува – заврши Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top