Архива за: 09.01.2026

Седум лица завршија со ампутирани прсти и тешки изгореници од петарди

Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. 

Премиерот најавува инвестиции за туристичкиот центар ,,Попова Шапка”

Премиерот потврди дека се договараат грандиозни инвестиции и дека се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку многу од големите алпски центри. Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која би овозможила работа на центарот 365 дена во годината, а не само во зимската сезона.

Поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија – почна тестирањето на системот е-фактура

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

To top