Македонија

Клековски: Се намалува бројот на заболени од западнонилска треска

Седмично веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска – истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје. Тој рече дека врвот бил во 33-тата седмица, кога биле забележани 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува.

– Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните зони. Се надевам дека следна цел ќе биде и реката Серава бидејќи поминува низ две општини и е поврзана со случаите. Благодарение на вонредните прскања во Драчево (вкупно три), од 9 август наваму немаме нови случаи од Драчево. Со двете прскања во Гази Баба на каналскиот систем очекувам и таму жариштата да бидат ставени под контрола. Во иднина ќе треба прскањето да се одвива посистематски и во следните пет години да се префрлиме од воздушно кон таргетирано земјено прскање на ризичните зони – додаде Клековски.

 

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација

To top