Свет

Мадуро пред судот во Њујорк: Не сум виновен, сè уште сум претседател на Венецуела

Бев киднапиран од мојот дом во Каракас, додаде тој во својата прва изјава по апсењето и префрлувањето во САД

Николас Мадуро одговори дека не се чувствува виновен откако му беше прочитано обвинението во федералниот суд во Менхетн.

„Не сум виновен. Јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата држава. Бев киднапиран од мојот дом во Каракас“, изјави соборениот претседател на САД, по што повторно седна.

Судскиот процес го води судијата Алвин Хелерстин.

Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, се товарат од американското обвинителство за заговор за нaркотероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување автоматско оружје и експлозивни направи, како и за здружување со цел незаконско поседување такво оружје.

Следното рочиште е закажано за 17 март.

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top