Хроника

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Во меѓувреме, според пишувањето на порталот, нејзината ќерка се наоѓа во шелтер каде била однесена по проценка на Центарот за социјални работи.

Сепак, кога вчера девојката отишла на суд за да се одлучи дали на пријавениот ќе му бидат изречени мерки во граѓанска постапка што ја повел ЦСР Битола, тој таму не се појавил, па судијата го презакажал рочиштето дури за 18 ноември поради неуредна достава.

Пријавениот останува недостапен на органите, а жртвата што го пријавила е во шелтер центар во страв за животот. Од Обвинителството изјавиле дека првично биле известени за настанот веднаш откако полицијата ја примила пријавата, по што јавен обвинител наредил лицето да биде повикано во полициска станица и да се разговара со него.

Исто така, од МВР потврдиле дека лицето им избегало од станица низ прозорец и дека поради тоа внатрешната контрола е активирана.

-На 10.11.2026 година во 23 часот и 10 минути во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У. Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. Во моментот на пријавувањето, во СВР Битола доброволно дошол и пријавениот К.У. заедо со негов родител. При преземањето службени дејствија од страна на полициските службеници, со намера да биде лишен од слобода, лицето преку отворен прозорец избегало од просторијата за развод. Веднаш биле испратени полициски службеници и преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање кои продолжуваат и во моментот – стои во одговорот на МВР .

Најнови вести од: Хроника

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Мајка цела ноќ ја барала исчезнатата ќерка (12): Била заклучена во автомобил во Сарај!

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top