Македонија

Кратовец се нуди да усвои 30 крави од Крива Паланка

Македонец е подготвен е да помогне со чување на 30 од кравите кои станаа Балканска атракција

Жител на Кратово преку редакцијата на expres.mk се понуди да усвои и згрижи 30 крави од стадото кое со години слободно се движи низ Крива Паланка и околината, создавајќи сериозни проблеми на локалното население.

Понудата доаѓа во време кога бројот на неконтролираните говеда во кривопаланечко се проценува на над 1.000, а локалните власти и граѓаните со месеци бараат системско решение. Кравите уништуваат ниви, градини и овоштарници, влегуваат во дворови, блокираат улици и создаваат ризик за безбедноста и водоснабдувањето.

„Имам услови – штала, пасишта и можност да ги чувам правилно. Ако институциите дозволат, готов сум да земам околу 30 животни и да им обезбедам соодветна грижа. Така барем малку ќе се намали товарот врз граѓаните на Крива Паланка“, изјави кратовецот кој сакаше да остане анонимен.

Проблемот со кравите во Крива Паланка трае повеќе од една деценија. Од околу 400–570 грла пред неколку години, бројот порасна на над илјада. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решенија за одземање, но досега се заловени само околу 80–100 животни. Градоначалникот Сашко Митовски засега не може да го реши проблемот во неговиот град.

Понудата на кратовецот со иницијали Д.П. се појавува како една од ретките конкретни приватни иницијативи. Дали ќе биде прифатена ќе зависи од надлежните институции – Агенцијата за храна и ветеринарство и општинските власти – кои треба да проверат здравствената состојба на животните и условите за чување.

Додека државата бара трајно решение, ваквите индивидуални понуди покажуваат дека има граѓани подготвени да помогнат. Дали ќе се искористи оваа можност останува да се види.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

To top