Македонија

„Курир“: Уништени се бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

Натаму порталот истакнува: Откако Михаилова детински ги издаде во комуникација преку четот и разговорот со јутјуберот Цанов, презентирајќи ја длабоката вмешаност на службата во нејзиниот фингиран случај на „Бугарка чии права се нарушени во Македонија само поради нејзината ‘припадност’“, очигледно е дека ДАНС „на најјако“ го притиснале копчето за аларм кај нивните теледиригирани новинари и медиуми.

Куриозитет е што новинарите на ТВ Алфа вчера во 15-на минути во „Колегиум“ им срушија и им уништија два нови мизерни обида на ДАНС и нивните македонски/бугарски испостави за презентирање на два случаи како напади врз Македонци со некаква си бугарска самосвест. Класичен доказ за пост-Ива Михаилова акцијата на ДАНС е вчерашната „сторија“ на познатиот бугарски интернет портал кој излезе со наслов: „15 ГОДИШЕН БУГАРИН Е ПРЕТЕПАН ОД ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД“, текст во кој се тврди дека момчето е претепано само поради неговата демек бугарска самосвест.

„Во извештаите (во Македонија) се соопштува за полициското насилие и последните потези, но не се посочува дека момчето кое настрада е бугарски граѓанин.“ –  пишува Таралеж.бг (taralej.bg). Во прилогот десеттина пати се споменува мајката на повреденото момче, која според Таралеж.бг им сигнализирала за инцидентот, за кој случај во Македонија се води сериозна истрага отворена од ОЈО Охрид, а инволвираните полицајци се веќе отстранети од служба. Инцидент кој го пренесоа сите македонски медиуми, но со вистинските факти.

Проблемот за Таралеж.бг и ДАНС е што веднаш по лиферувањето на оваа лажна вест во Бугарија реагираа новинарите од „Колегиум“ на ТВ Алфа, кои среде емисија веднаш го пронајдоа контактот и во живо ја вклучија токму мајката на претепаното момче, Лихнида Петресека од Охрид, која претходно за истиот случај гостуваше кај Кристијан Ландов во „Претрес“, кој во живо во „Колегиум“ на новинарите им ги обезбеди контактите со засегнатите, злоупотребени лица.

Таа остро и јасно ги демантираше измислените наводи на бугарскиот медиум, текст кој веднаш орно и „случајно“, како по нечија наредба, го пренесоа повеќе бугарски интернет портали. „Јас никаде немам изјавено такво нешто, мислам дека ова се злоупотребува за создавање меѓуетнички немир и политички цели и не сакам да биде така. Многу лошо се чувствувам околу ова, јас се запрепастив од ова што го читам“, изјави Петреска во „Колегиум“.

На прашањето, дали нејзниот син има бугарски пасош, таа јасно демантираше такво нешто: „Не, нема. – Значи немате бугарски пасош? –Не. Се’ е извадено од контекст“, одговори децидно Лихнида Петреска, мајка на повреденото момче, јавно заблагодарувајќи се на можноста веднаш да се затвори овој измислен навод на бугарските медиуми.

Но прикаската не заврши овде, во истото издание на „Колегиум“, во следните неколку минути, новинарите го вклучија во живо и Горан Николоски од Охрид, чија помлад брат е исто така повреден при се уште неразјаснет судир со полициски службеници. И овој случај е во билтенот на МВР и за него е отворена истрага.

Проблемот е што и Николоски во „Колегиум“ потврди дека имало обиди и овој случај да биде искористен и злоупотребен како со 15-годишниот Петрески, но уште полошо, му се јавувале и барале тој да потврди дека брат му е тепан затоа што е Бугарин. -„Да, имаше обиди случајот да се злоупотреби и да биде политизиран како конфликт меѓу Бугарија и Македонија, но нема да дозволам такво нешто. Ова нема никаква врска со Бугарија, проблемот е настанат во Македонија е за сосема десетта причина“, потврди Николоски.

На прашањето, дали некој му се јавил за дозвола или да претстави дека се работи за бугарски државјанин кој само поради тоа е нападнат од полицијата и да направат некој нов Пендиков, Николоски е јасен: -„Сакаа да направат некој случај како Ива Михаилова, но нема да дозволам такво нешто“, потенцира братот на повреденото момче.

–Можеш ли да ни кажеш ко ти побара такво нешто?

-„Искрено, не знам како се вика човекот, ми пишаа на Фејсбук, ми побараа контакт телефон и така комунициравме“, изјави Николоски.

–Дали случајно профилот кој те контактираше е „Фондација Македонија?“, праша новинарот Илиески.

-„Да“, кратко и јасно потврди Горан Илиевски, брат на тепаното момче за кој случај се води истрага во Македонија.

Со ова, македонската јавност доби уште една јавна, ачик потврда за активностите на бугарската антимакедонска испостава во државата, раководена од нам добро познатиот Виктор Стојанов.

„Колегиум“ на Тв Алфа во состав на новинарите дарко Јаневски, Богдан Илиевски, Љупчо Цветановски и Игор Мицкоски успеја во една емисија да уништи два бугарски и антимакедонски наративи, лажни вести со кои Бугарија како држава сака индолентно да ја претстави Македонија како земја во која Бугарите се напаѓаат само поради тоа што се чувствуваат како такви, мизерни конструкции кои досега им успејаа само со криминалци како дилерот Пендиков, осудениот рекетар, лихвар и тепач Михаилов и Ива Михаилова за која се води процес за убиство од небрежност.

На ред се македонските служби да се позанимаваат со оние кои се обиделе да ги злоупотребат случаите на охриѓаните Петерски и Николоски, дејство кое подлежи на сериозна кривична одговорност од злоупотребувачите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век ѝ ја продадоа на Атина, а од средниот век на Софија!

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

Мицкоски за правосудниот испит: Се чека мислење од Венецијанската комисија, кое е задолжително за преговорите со ЕУ! – Никој не барал решение 20 години!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање.

Брисел и Кос упорно бараат идентитетско „масакрирање“ на Уставот и бугаризирање на Македонија и Македонците во име на „темелните европски вредности“! (2)

ЕУ наведува во својата „Бриселска декларација“ од вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“. Меѓутоа, од друга страна ЕУ не само што „замижува“ кон агресивниот бугарски ревизионизам на македонската автентична историја, туку и сесрдно го поддржува. Тешко европско противречие на ЕУ сама на себе: со празни зборови вели дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“, а од друга страна бара Македонија и нејзината влада да се согласат со злогласниот „Француски предлог“ и великобугарските врховистички ултиматуми на официјална Софија Македонците „да прифатат и да признаат дека бугарски корени имаат и тие како народ и нивната историја и нивниот јазик“! За Румен Радев, Илијана Јотова и другите од бугарската политичка елита ова е „европска вредност“, која Македонија и Македонците мора беспоговорно да ја прифатат. Македонците ќе ја прифатат на „Свети Никогаш“! Но кога, пак, бугарските политичари ќе прифатат и ќе признаат дека  Бугарите дека се словенизиран и македонизиран народ, денес секако со свој различен бугарски идентитет, кој во минатите векови го презел македонскиот јазик и денес го говори него?! А што е апсолутна вистина, со аргументи потврдена од врвни европски и светски експерти! 

To top