Македонија Бизнис

Врие од интернет измами во Македонија – да се отворат „четири очи“ при секоја трансакција

Главно, измамниците фокусирани се на фишинг напади, е-маил комуникација, како и креирање на лажни реклами со познати личности. Во текот на последната година, забележано е дека измамниците користат различни напредни методи за манипулација со жртвите. Додека онлајн продажбата расте, растат и измамите, особено на социјалните мрежи.

Врие од интернет измами во Македонија. Особено е алармантна појавата на лажни СМС за пристигнати пратки од пошта како и лажни фактури за уплата, но од лажни адреси, објави МРТ1. За ваков вид на измами само годинава до Секторот за компјутерски криминал пристигнати се 43 пријави од измамени граѓани.

Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци“, велат од МВР за МРТ1.

Главно, измамниците фокусирани се на фишинг напади, е-маил комуникација, како и креирање на лажни реклами со познати личности. Во текот на последната година, забележано е дека измамниците користат различни напредни методи за манипулација со жртвите. Додека онлајн продажбата расте, растат и измамите, особено на социјалните мрежи.

22 пријави има и за манипулации преку лажни телефонски повици, при што измамниците ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер со ветување дека ќе заработат од криптовалути, а потоа им ги празнат банкарските сметки. Измамниците се служат со фишинг напади, но одат дотаму што се креираат и лажни реклами со познати личности. Граѓаните свесни за ризиците, но не сите знаат како да се заштитат.

Кога се купува преку интернет, граѓаните да отворат четири очи, велат експертите. Алармираат ако во случај забележат дека им се злоупотребени личните податоци или банкарски картички, веднаш да пријават во МВР и Агенцијата за заштита на личните податоци.

Граѓаните во никој случај да не отвораат сомнителни линкови и пораки.

Надлежните велат дека во земјава се уште нема механизам со кој би се спречиле онлајн измамите, но затоа алармираат да се внимава, за да не останат граѓаните и без пари, и без производ.

Надлежните со апел, никогаш да не се споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички или лозинки преку неовластени канали.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Koи европски држави ќе имаат економски раст до 2027 година?!

Во 2027 година, Шпанија повторно ќе го забележи највисокиот раст на реалниот БДП меѓу петте најголеми економии, иако стапката ќе се забави на 1,8 отсто. Се очекува Германија да забрза од 1 отсто на 1,5 отсто. Обединетото Кралство и Италија ќе забележат зголемување од само 0,1 процентен поен во споредба со 2026 година, додека Франција ќе остане непроменета на 1 отсто.

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 дека ја вознемирувал на телефон, тој пак ја обвини за цензура

Дел од настанот е документиран и на видео-снимка која се прошири на социјалните мрежи, на која се слушаат навредливи и вознемирувачки изјави упатени кон Русковска. Таа, како што е наведено, го предупредила Јовановски дека ќе се обрати во полиција доколку не престане со повиците, но контактите продолжиле и по предупредувањето.

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

To top