„Овој План за раст е осмислен за да поддржи важни реформи кои носат придобивки за вашите граѓани и економии – како што веќе спомнавте – и, се разбира, да ви помогне да се подготвите за членство во ЕУ. Црна Гора спроведе 94 отсто од предвидените реформи – што претставува импресивен резултат – и ќе добие 81 милион во следната рунда на исплати. Албанија спроведе 80 отсто од предвидените реформи и ќе добие 85,6 милиони. Ова е четвртата исплата. С.Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион. Овој план за раст отсекогаш бил замислен така што ќе ги наградува резултатите“, рече Кос.
При тоа, како што објасни, парите што нема да бидат искористени, пред се’ тие што беа наменети за Србија, кон која уште во јануари престанаа исплатите, ќе бидат прераспределени на оние што покажуваат подобри резултати.
„Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15% повеќе средства од планот за раст. Процесот е веќе започнат, па исплатите ќе се реализираат следната година; Македонија, пак, ќе добие дополнителни 10%“, изјави Кос.
Овој начин на европска поддршка завршува наскоро со изминувањето на четвртата година на Планот за раст. По ова, Европската унија воведува нови правила на постепена интеграција. Нема загарантирани средства, додека како што што напредуваат земјите со реформи и се усогласува со правилата на ЕУ, се отвораат поголеми делови од европските единствен пазар за економиите на земјите до Западен Балкан, вклучително и во областите на енергетиката и транспортот, како и дигиталните технологии.