Македонија

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

Тој вели дека уште нешто треба да се изучува во работата на ДАНС, а тоа е аматеризмот со случајот на Ива Михаилова, кој стана срам и резил за нивната служба.

-Понатаму, во бугарското општество и во бугарските служби се случуваат процеси на распаѓање, прво се приближуваат кон ЕУ, а корупцијата, криминалот достигнува некоја своја кулминација, влегуваат во ЕУ, не престанува криминалот и корупцијата, почнува иселувањето, тешките проблеми за општеството, за Бугарите, така и нивните служби почнуваат да ја губат својата стабилност и силина и на тоа го базирам ова што сега се случи со Ива Михаилова и такви некои случаи кои не ме изненадуваат, се случува и тоа, иако е аматерски и тоа не смело да си го дозволи ниту еден оперативец, објаснува Јовановски во поткастот со Цветановски.

Во поново време, темата за бугарски разузнавачки или параразузнавачки активности во јавноста повторно стана актуелна, но во поинаков контекст – преку регрутирање бугарски државјани од страна на руските служби. Во 2025 година, суд во Велика Британија осуди шестмина Бугари за шпионажа во корист на руското воено разузнавање (ГРУ), чија задача меѓу другото била следење и планирање акции против истражувачки новинари (како Христо Грозев) и руски дисиденти низ Европа, објави „Курир“.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 декември 2026 околу 70 илјади потрошувачи во Скопје ќе плаќаат парно греење поскапо за 7,56 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.

Забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западниот Балкан и регионалната соработка – клучни теми на Процесот Брдо-Бриони

Денес во Охрид се одржува 15-тиот состанок на врвот на Процесот Брдо-Бриони .ќе се Главната тема е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи.

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

Најнови вести

To top