Македонија Бизнис

НБРМ предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки

Во моментов постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, и ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

  • Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од барем неколку дена до недела, наведе гувернерот на социјалната мрежа X, додавајќи дека приврзаниците на кешот ја истакнуваат неговата анонимност и слобода, што, според него, е став кој треба да се почитува.

Истовремено, Славески истакна дека постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, поради што ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Според плановите, националната мрежа на банкомати треба да заживее до крајот на 2026 година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Божиновска: Енергетиката посилен и поиновативен сектор со повеќе жени, да се искористи потенцијалот

Енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

To top