Македонија

Да не се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски, ќе ја откачи на првиот паркинг – Милошоски за удбашките линкови во СДСМ

Не сака УДБА по 35 години да биде Македонска судба

Пратеникот и екс министер за надворешни работи Антонио Милошоски одговара на обвинувањата од потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска која преку примерот со началникот на МВР од Демир Хисар ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ дека сака да воспостави режим.

 

Милошоски бара Чупеска која ја смета за човек на екс министерот Љубомир Фрчкоски и удбашки структури да не се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски, затоа што според него тој ќе ја откачи на првиот паркинг.

,,Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија.

 

Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

 

Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за „узурпација“.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови

 

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби.

 

Што се однесува до „режимот“ – режим имаше кога Вие, госпоѓо Чупеска, заедно со Вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на Вашите кланови. Тоа време заврши.

 

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите Ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите „демократски“ стандарди.

 

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина.., или на првиот паркинг.

 

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму Вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот “режим”, ниту китењето со пердувите на “Шарената деволуција”, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе”, пишува Милошоски.

Инаку денеска МВР веднаш го смени началникот на ОВР Демир Хисар за прекршувања на кодексот на МВР.

Што напиша преходно Чупеска

Најнови вести од: Македонија

Филипче и неговиот ментор Заев си ги ладат на јахта на Халкидики, а членови и ботови нека критикуваат „режим“, ветувајќи „победи“!

Информативниот портал констатира: Некој си ги лади на јахта на Халкидики, а некој, како „загреаните“ на Бихаќка, па и некои постари членови и ботови, активирани специјално за кампањата за локалните избори да се пенават и да ломотат на цел глас глупости.

„Фол“: Пред локалните не само што граѓаните не веруваат во ДУИ, туку и таа самата повеќе не верува во себе!

Информативниот портал пишува: „Чувство на паника го зафаќа секое ниво на структурата во ДУИ, поради големиот пораз, што ќе го доживеат на локалните избори“.

Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ја следеа демократската опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, да држи лекции за демократија

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури […]

Најнови вести

To top