Свет

Бабиш: До кога ќе даваме милијарди за Украина?

„Сакам да прашам која е целта. Дали ќе ѝ даваме на Украина 135 милијарди евра секоја година и до кога? Колку години? 10, 20, 30? Или која е стратегијата?“, праша Бабиш

Чешкиот премиер Андреј Бабиш го доведе во прашање продолжувањето на финансирањето на Украина, порачувајќи дека не е јасно колку долго ќе траат издвојувањата на помош за таа земја ниту која е нивната крајна цел.

„Сакам да прашам која е целта. Дали ќе ѝ даваме на Украина 135 милијарди евра секоја година и до кога? Колку години? 10, 20, 30? Или која е стратегијата?“, праша Бабиш,

Коментирајќи го барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски за дополнителни 70 милијарди евра, Бабиш кажа дека Прага не гледа поента во обезбедувањето на овие пари ако властите во Киев не можат да објаснат за што се наменети.

„Сакам да прашам која е целта. Коментирајќи го барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски за дополнителни 70 милијарди евра, Бабиш кажа дека Прага не гледа поента во обезбедувањето на овие пари ако властите во Киев не можат да објаснат за што се наменети.10, 20, 30?  Или која е стратегијата?“, праша Бабиш.

На самитот во Брисел лидерите на државите членки водеа жестоки дискусии за предлогот за долгорочниот буџет на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година. Земјите кои придонесуваат повеќе во заедничкиот буџет отколку што добиваат од него се за намалување на средствата, додека нето-примателите бараат зголемување на буџетот. Нацрт-седумгодишниот буџет предвидува издвојување на 100 милијарди евра за Украина.

Покрај тоа, Европската комисија минатата недела предложи нов заем од 45 милијарди евра за покривање на потребите на Украина за следната година. Заемот е наменет за покривање на дефицитот, кој Украина го проценува на околу 70 милијарди евра. Европската Унија се обврза да покрие две третини од таа сума, додека другите сојузнички земји треба да го покријат преостанатиот износ од 25 милијарди евра.

Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија објавија дека не сакаат да учествуваат во трошоците за тој заем, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц ја условува поддршката за новата Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) со заедничко учество на сите 27 држави членки во покривањето на финансискиот дефицит на Украина за 2027 година.

Иако следниот буџет на ЕУ ќе стапи на сила дури во 2028 година, лидерите имаат за цел да постигнат договор до крајот на оваа година. Причината за тоа е што Франција, Италија, Полска, Грција, Естонија, Финска и Словачка следната година ќе одржат избори – развој на настаните што би можел дополнително да ги искомпликува преговорите за нацрт-буџетот, преку кој се финансираат сите клучни политики на ЕУ, пренесува новинската агенција Ројтерс.

За усвојување на седумгодишниот буџет е потребна едногласна согласност од сите 27 земји-членки.

Можноста француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен – која моментално води во анкетите – да стане претседател по изборите во април и мај, придонесе за поголема итност во напорите за постигнување договор. Ле Пен вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, која се брани од Русија, и дека ќе ги намали придонесите на Франција во буџетот на ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави пред новинарите дека има време до крајот на годината за постигнување договор. „По 31 декември, повеќе нема да бидам во политичка или демократска позиција повторно да ја отворам дебатата за буџетот и да ја доведам до заклучок, бидејќи тогаш ќе навлеземе во период премногу близок до француските претседателски избори“, наведе Макрон.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, го спомена крајот на 2026 година како целен датум до кој лидерите се стремат да постигнат договор.

 

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top