Регион

Румен Радев: Владата ја распродава државата

Предупредува на најголем грабеж од 1990-тите со продажба на 4.400 државни имоти

 

Бугарскиот претседател предупредува дека Владата се подготвува да распродаде државен имот на брегот на Црното Море…

„Тие го вршат најголемиот грабеж од 1990-тите“. Ова го изјави претседателот Румен Радев, објави БГНЕС.

Радев потсети дека станува збор за 4.400 државни имоти. Според него, не е случајно што владата ги донесе измените во Законот за државен имот во пресрет на празниците.

„Брзањето со еврото ја испразни државната каса и сега кабинетот бара пари и ја распродава државата. Така, една грешка води кон друга грешка“, рече Радев.

Тој верува дека ова ќе „им користи на клиентелата на новото собрание“, а воедно ќе ги осиромаши сите Бугари и ќе ѝ наштети на природата.

„Поради оваа причина, ставив вето и очекувам пратениците да го сфатат тоа“, додаде Радев.

Најнови вести од: Регион

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

To top