Македонија

Пред 33 години Македонија го доби првото државно знаме

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено знамето со ѕвездата од Кутлеш и химната „Денес над Македонија“

Првото државно знаме во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

 

Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел:

Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на пречникот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.

Со одлука на Собранието на денешен ден во ’92 година усвоени и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.

Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти наидува и на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

Најнови вести

To top