Свет

Прво што стори новиот спикер на чешкиот парламент – го симна знамето на Украина (ВИДЕО)

Новоизбраниот „прв парламентарец“ Окамура, роден во Јапонија, веднаш се пофали на социјалните мрежи

Томио Окамура денеска беше избран за нов претседател на Пратеничкиот дом и прво што направи – нареди да се симне знамето на Украина од зградата на парламентот во негово присуство.

„Само што го симнав украинското знаме од зградата на Домот на пратениците“, се пофали заедно со видеото на социјалните мрежи лидерот на Партијата за слобода и директна демократија роден во Јапонија.

„Чешката Република на прво место“, порача тој на крајот од снимката.

Украинското знаме висеше и на фасадата на Националниот музеј во Прага, пред да биде отстрането во август годинава.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Најнови вести

To top