Македонија

Гаргамел, Азриел и кој сака да режира хаос пред локалните избори

Се соочува ли Македонија со силен удар од својата ,,Длабока држава”

Кој во суштина владее со нашите судбини и кој се обидува да биде режисер на хаосот во предизборието за локалните избори, се двете прашања на кои свој одговор дава уредникот н Радио Лидер во колумната со наслов: СЛУЧАЈ БИЛЈАНА ИВАНОВСКА: Гаргамел Коцевски и Азриел Бубевски се обидуваат да создадат политички хаос!

Според Златев го опишува случајот во кој веднаш по кандидатурата за градоначалник на Центар екс шефицата  на ДКСК Ивановска доби покана за иследување во обвинителството.

Според Златев државниот обвинител Љупчо Коцевски и шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски уште еднаш смислуваат сценарио како да ја експлодираат политичката ситуација во Македонија која во колумната е опишана како село на штрумфовите.

,,Намерата им е овој хаос уште еднаш да им ја крене цената и така да продолжат олигархиски да владеат со обвинителството”, пишува Златев.

Тој е изненаден колку политичкиот естаблишмент во државата и разузнавачката заедница биле збунети од состојбата. Најголем дел со луѓето од врвот на власта и разузнавачката заедница немале никаква информација за што станува збор и зошто се случува ваков очигледен обид да се создаде скандал пред изборите. Од нив не можел да дознае буквално ништо, освен да примети вџашеност и загриженост.

 

,,Кај функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ владееше мислењето дека ова може да им предизвика одредена политичка штета, затоа што ќе излезе дека со тоталитарни методи тие би се обиделе да го добијат Центар, нешто слично на она што се случуваше со Андреј Жерновски кога со секое прегласување нарачано од Груевски и Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ губеше со повеќе гласови. Најголем дел од нив се на ставот дека овој циркус не им е потребен во состојба кога очигледно е дека ќе победат во скоро сите македонски општини.

 

Слично беше и со безбедњаците, кои не гледаат импликации за националната безбедност од Билјана Ивановска, која е сосем пристојна жена.

 

Одговорите стигнаа од моите „свиркачи“ од обвинителството, кои веднаш го намирисаа котелот во кој се подготвувала оваа операција. Имено, ова што и го прават на Ивановска е школски пример за длабоката држава во македонското обвинителство изведена од истите актери кои во последната деценија ја тероризираат македонската демократија држејќи го обвинителството во заложништво”, пишува Златев.

 

Целата колумна на линкот

 

https://lider.mk/sluchaj-biljana-ivanovska-gargamel-kotsevski-i-azrael-bubevski-se-obiduvaat-da-sozdadat-politichki-haos/

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

To top