Поради официјалната посета на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, денес ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај на подрачје на Охрид и Струга.
СВР Охрид ги известува граѓаните дека мерките ќе бидат на сила во периодот од 06:00 до 17:00 часот, на потегот од Граничниот премин „Ќафасан“, преку Струга кон селото Подмоље и вила „Охрид“, како и од аеродромот „Св. Апостол Павле“ до вилата „Охрид“, информираат од СВР Охрид.