Спорт

Видео на денот: Одбојкарите го прославија новиот пласман на ЕП со „Бисер балкански“

Традицијата продолжена по триумфот над Грузија во арената „Борис Трајковски“ за четврти еврошампионат во низа

По триумфот од 3:0 над Грузија, со кој изборија четврто учество во низа на европските првенства, најдобрите македонски одбојкари на теренот во салата „Борис Трајковски“ прославија на веќе традиционалниот начин за нив – безвременскиот хит „Бисер балкански“ на Гоце Николовски.

Со оро и песна, избраниците на селекторот Јошко Миленковски го заокружија успешниот циклус квалификации за ЕП 2026, кадешто ќе го бранат осминафиналето од Бари пред две години.

„Бисер балкански“ во изведба на „спартанците“ на линкот.

Најнови вести од: Спорт

To top