Со стапка на невработеност од 29 проценти на луѓе на возраст до 24 години во вториот квартал годинава, Македонија се наоѓа на неславното трето место меѓу 35 земји во Европа опфатени со истражувањето на Евростат анализирано и објавено од „Евроњуз“.
Полошо од Македонија во овој поглед стојат само Босна и Херцеговина со 32,2 отсто и Романија со 30,7 отсто, а веднаш зад неа се Шведска со 24,9 отсто, Србија со 24,2 отсто, Шпанија со 23,9 отсто, Финска со 23,2 отсто, Естонија со 22,8 отсто, Франција со 21,6 отсто, Хрватска со 20 отсто итн.
Од државите во регионот Грција има 18,4 проценти невработени млади до 24 години, Словенија 14,1 отсто, Турција 13,9 отсто и Бугарија 12,2 отсто.
Најдобра е Малта со 6,8 проценти, пред Германија со 7,3 отсто, Холандија со 8,6 отсто, Швајцарија со 9,2 отсто, Австрија со 9,7 отсто, Чешка со 10,4 отсто итн.