Свет

Трамп: Ако сака, Зеленски веднаш може да ја сопре војната

„Нема враќање на Крим … и нема Украина во НАТО, Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, порача американскиот претседател пред денешната средба со украинскиот претседател

Во пресрет на денешната средба во Белата куќа со украинскит претседател , Доналд Трамп преку неговојата платформа Truth Social, го повика Зеленски да постигне договор за прекин конфликтот со Русија кој трае 3,5 години.

„Претседателот на Украина Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Нема враќање на Крим како што му го даде Обама… и НЕМА УКРАИНА ВО НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за Си-Ен-Ен вчера дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле за време на нивниот состанок во Алјаска во петокот за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, нарекувајќи ги гаранциите „пресвртница“.

Тој исто така рече дека Русија направила територијални „отстапки“ околу пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.

„Русите направија некои отстапки „на масата“ (во Алјаска во петокот) во врска со сите пет региони (на источна Украина). Постои важна дискусија за Донецк и што ќе се случи таму“, рече Виткоф.

По пристигнувањето во Вашингтон Зеленски изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.

„Благодарен сум му на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на„ Телеграм“ по пристигнувањето во Вашингтон доцна во неделата.

„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top