Свет

Белата куќа се огласи за средбата меѓу Путин и Зеленски

Како што се очекуваше, Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, речиси целото време го посвети на најновите случувања – од самитот на претседателите на САД и Русија во Алјаска, преку вчерашните средби на Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски, а потоа и со водечките европски лидери, до телефонскиот разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и организацијата на нивната средба.

Путин му ветил на Трамп дека ќе се сретне со Зеленски и во моментов работат на организирање на таа средба, беше кажано денес на пресконференцијата во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, одржа редовна прес-конференција. Како што се очекуваше, таа речиси целото време го посвети на најновите случувања – од самитот на претседателите на САД и Русија во Алјаска, преку вчерашните средби на Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски, а потоа и со водечките европски лидери, до телефонскиот разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и организацијата на нивната средба.

Левит рече дека она што Трамп го постигнал во изминатите неколку дена е „извонредно“ и го повтори ставот на администрацијата дека поранешниот американски претседател Џо Бајден дозволил „убивањето дури и да започне“ кога Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година.

Пред да биде избран Трамп, статусот кво на САД во врска со војната во Украина беше „бесконечно да ги принудува“ даночните обврзници да го финансираат Киев, рече Левит, а под Трамп „конечно има движење“ по години стагнација.

Потоа таа им потсети на собраните новинари дека Путин во петокот рекол дека се согласува со тврдењето што Трамп го повторил многу пати – дека војната никогаш немаше да започне ако Трамп беше претседател за време на годините на мандатот на Бајден.

Таа потврди дека Трамп вчера разговарал по телефон со Путин и дека рускиот лидер „се согласил да ја започне следната фаза од мировниот процес“, што, додаде таа, подразбира средба со Зеленски, а потоа, „доколку е потребно“, ќе следи трилатерален состанок со двајцата лидери и Трамп. Таа рече дека рускиот претседател ветил дека ќе се сретне со Зеленски.

Левит беше прашана за статусот на предложените безбедносни гаранции за Украина.

Таа повтори дека Трамп јасно ставил до знаење дека нема да има американски војници на терен како дел од кој било мировен план. САД можат да помогнат преку координација и други форми на поддршка, рече таа.

„Претседателот Трамп му наложи на својот тим за национална безбедност да се координира со европските сојузници и да разговара за ова со Украина и Русија“, рече таа.

На прашањето дали Русите одговориле на точката за безбедносни гаранции за Украина од Европа и САД, Левит рече дека Трамп сè уште разговара со Русија за безбедносните аранжмани, објави Телеграф.рс.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top