Бизнис

Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави

Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. […]

Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија.

Овие наводи го означија и крајот на Фондот за иновации, чии надлежности од вчера се под капата на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

Последниот директор на Фондот, Никола Додов, лани обвини дека буџетот на ФИТР бил оштетен за 3,2 милиони денари од компании кои добивале грантови за фиктивни, но и неуспешни проекти, а предмет на истрага биле 60 компании. Сега, во изјава за Фактор вели дека веќе почнале да се наплаќаат парите преку извршители, но има проблем со дел од фирмите, кои во меѓувреме биле затворени.

  • „Голем дел се на извршител и се наплаќаат сумите и си ги префрла на државен буџет. Има и затворени фирми, предадени се на Финансова и на Организиран криминал на МВР. До оние кои имаат активна обврска, но ги избегнале обврските за исплата на оперативна добивка и ројалти кон Фондот, а се под договор, доставена им е опомена пред тужба“, рече Додов за Фактор.

Надворешниот Комитет кој одлучува за договорите пак, деновиве донел нова одлука – раскинати се уште 17 договори, а од нив 13 веќе се дадени на извршител. За останатите четири имало жалби кои мора повторно да поминат пред Комитетот.

Додов пред примопредавањето на функцијата на директорката на новоформираната ИНОВА, Даниела Димовска, преку социјалните мрежи обвини дека институцијата како таква не постои затоа што ја изгубила суштината, поради злоупотреби и клиентелизам. Повеќе на Фактор.мк.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top