Бизнис

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

Регионалната соработка и создавање предвидлив и поврзан деловен простор им овозможува на повеќе од 350.000 компании од регионот полесен пристап на поголем број пазари. Во таа насока, во рамки на Берлинскиот процес, високи претставници на Европската комисија, претставници на регионалните тела, ЦЕФТА и Советот за регионална соработка, раководни претставници од соодветни министерства и бизнисмени од регионот на Западен Балкан, на повеќе настани во Црна Гора, преку институционален дијалог ќе дискутираат за примена на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар и инструментите за поддршка на регионалниот раст.

На состанокот на министрите за економија од регионот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ќе биде единствениот претставник од шесте комори на Западен Балкан и ќе ги пренесе пораките на деловниот сектор како да се надминат секојдневните предизвици кои го кочат бизнисот. Прес-конференцијата ќе се одржи следната недела во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Гледано интегрално, изградена е комплексна структура на институции, програми и инструменти за финансирање на интеграциите со ЕУ фондови за земјите кандидати. Сепак за да ја користат оваа поддршка, земјите кандидати треба да работат на реформите и да обезбедат професионална администрација со цел успешно да се искористат овие финансиски средства, т.е. европски пари за нашата интеграција во ЕУ.

Најнови вести од: Бизнис

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

To top