Македонија

Нема компромис со насилството: ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница-Шкупи

Ваквото однесување, како што е соопштено, е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево „најостро го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи“.

Ваквото однесување, како што е соопштено, е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери.

Изразувајќи особена загриженост поради тоа што „едно од децата претрпе сериозни повреди и скршеници, како последица од нападот“, ФФМ најави дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.

„Поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран. Со насилство, од било кого и на кое било ниво, нема да има компромис“, наведе ФФМ.

Инцидентот, денеска, најостри го осуди и Фудбалскиот клуб Брегалница, апелирајќи до надлежните институции ригорозни казни за виновниците.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top