Македонија Спорт

Волкановски стана почесен граѓанин на родниот Волонгонг

Светскиот УФЦ-шампион од Австралија со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски на свеченост ги доби клучевите на Волонгонг, станувајќи почесен граѓанин на градот од Нов Јужен Велс во кој е роден на 29 септември 1988 година. „Ние сме нација што го сака спортот, а елитните спортисти кои се искачуваат до врвот имаат многу голема и влијателна […]

Светскиот УФЦ-шампион од Австралија со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски на свеченост ги доби клучевите на Волонгонг, станувајќи почесен граѓанин на градот од Нов Јужен Велс во кој е роден на 29 септември 1988 година.

„Ние сме нација што го сака спортот, а елитните спортисти кои се искачуваат до врвот имаат многу голема и влијателна платформа“, рече градоначалничката Тања Браун. „Тоа што Алекс толку често користи свои начини за да го промовира нашиот прекрасен град на глобалната сцена и за да им помогне на нашите добротворни и општински организации блиску до нас, покажува колку е горд од местото од кое доаѓа. Мислам дека целата наша заедница во Волонгонг, особено нашите млади луѓе, можат да погледнат што направил Алекс како спортист и амбасадор на нашиот град и да почувствуваат дека нивните соништа и аспирации се малку подостапни. Чест ми е да му ги доделам клучевите на градот и да го додадам неговото име на списокот на неверојатни граѓани на Волонгонг кои оставиле толку длабоко влијание врз животот и историјата на нашиот град“.

Со ова општествено признание, 36-годишниот најстар ултимејтфајтер што си го вратил шампионскиот појас во перолесна категорија им се придружи на великаните од Волонгонг што станаа негови почесни граѓани: олимписката шампионка во пливање Ема Меккеон, легендата на мотоспортот Вејн Гарднер и молекуларниот биолог Џастин Јербери.

Клучевите на Волонгонг за синот на Тоде Волкановски, родум од битолско Беранци, се уште една причина за гордост на македонската заедница во Австралија.

Во 2021 година населението на градот Волонгонг со македонско потекло броело 6.989 луѓе или 3,3 проценти од вкупното население на градот Волонгонг. Дополнително, во Волонгонг имало 4.279 лица родени во Македонија, што претставува 1,6 отсто од населението на градот.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Радев: Нема простор за средба со Мицкоски! – РСМ мора да спроведе „Бугари во Устав“ и вториот протокол!

Бугарскиот премиер Румен Радев рече денес дека освен уставни измени, треба да се спроведе и вториот протокол од Договорот за добрососедство. Според него, „има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска обврските на РСМ, па тој „одново ќе мора да ги убедува дека Скопје мора да го исполни договореното со консензусот од 2022 година“.

Мицкоски: Местото на Македонија е на масата во Брисел како рамноправна членка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции оти нема да има нови билатерални условувања и дека македонскиот идентитет, јазик и култура се константа и неспорен факт

Се враќаат „старите“ имиња на улици во Тетово

Уставниот суд на вчерашната седница со мнозинство гласови ја укина одлуката со која во 2007 година, во Тетово, беше извршено преименување на повеќе улици и на централниот градски плоштад од „Маршал Тито“ во „Илирија“

To top